Загриженоста за непосредна закана за физички повреди или оштетување на имотот не треба да се пријави на оваа вебстрана. Ако ви е потребна итна помош, контактирајте со Вашите локални служби или службата за итни случаи.
Менаџментот на компанијата сака и ве поттикнува да пријавите ако имате познавање на активност која може да биде причина за загриженост. Вашето известување за загриженост може да го минимизира потенцијалното негативното влијание врз компанијата.
Сите вработени имаат обврска да се придржуваат кон етичките стандарди на компанијата. Доколку набљудувате однесување што може да претставува повреда на Кодексот за деловно однесување, од Вас се бара да го пријавите истото веднаш. Ова ќе и овозможи на компанијата да се справи со истото и да се подобри, пред истото да стане повреда на закон или ризик по здравјето, безбедноста или имиџот на компанијата.
Имате неколку опции за известување кои се однесува на: лицето надлежно за примена на кодексот, Вашиот генерален директор, Вашиот директор на сектор, Вашиот директор на правниот сектор, Вашиот регионален правен директор, и до Главниот советник за усогласеност. Финансиските, сметководствени и ревизорските прашања треба да бидат пријавени на групацискиот контролор, Менаџерот за внатрешна ревизија или Одборот за внатрешна ревизија на групацијата. Во случај на сомнежи за прекршување од посериозна природа, како тие што вклучуваат високи нивоа на раководство, значајни финансиски средства, погрешно финансиско прикажување или наводни криминални активности треба да се пријават веднаш на главниот правен советник на групацијата, финансискиот директор на групацијата или раководителот на интерна ревизија на групацијата. Сепак, свесни сме дека постојат околности под кои не се чуствувате удобно за известување за прекршување на овој начин. Во такви околности, може да пријавите преку телефонска линија.
Системот на телефонска линија е наменет за да се заштити вашата анонимност. Сепак, доколку сакате да останете анонимни, како лице кое известува мора да внимавате пријавата за загриженост да не го открие вашиот идентитет од невнимание. На пример, да избегнувајте изјави како оваа подолу: "Мојата канцеларија, веднаш до канцеларијата на колегата ...."
Да. Од Вас ќе биде побарана истата информација, која што би ја дале во случај на онлајн известување за загриженост.
Во текот на известувањето за загриженост, има дел наменет за лична идентификација, доколку сакате. Ако се идентификувате, ќе ги преземеме сите мерки на претпазливост за да го зачуваме Вашиот идентитет во тајност, во согласност со спроведувањето на темелна и фер истрага во согласност со законските прописи. Ние ќе информираме навремено во врска со вашето известување за загриженост.
Искреното известување не значи дека треба да се биде во право кога ќе се известува загриженост; вие само треба да бидете сигурни дека информацијата која ја давате е точна.
Пријавите за загриженост се внесуваат на заштитен сервер за да се спречи било какво прекршување на безбедноста. Пријавите за загриженост се испраќаат до одделот за Интерна Ревизија во групацијата, кои се одговорни за разгледување на пријавите за загриженост добиени преку телефонска линија.
На крајот од телефонскиот повик или онлајн извештајот, ќе добиете Клуч за известување и ќе биде побарано да креирате лозинка. Можете да се вратите на вебстраната или да се јавите за да пристапите до оригиналната пријава за загриженост, со помош на Клучот за известување и лозинката. Потоа можете да додадете дополнителни информации што ги имате. Препорачливо е да проверите на вебстраната/преку повик по 5-7 дена со цел да одговорите на прашањата на компанијата, доколку ги има.
Целокупната кореспонденција на веб страната се чува во строга доверливост, како и почетната пријава за загриженост.
Доколку ги изгубите, Клучот за известување и/или лозинката, тие не можат да се обноват. Во тој случај, треба да креирате нов извештај.